Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Македонија

Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени
img-343027.jpg

Бремените жени и хронично болните на возраст над 60 години да бидат ослободени од работа, а градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот, ова се дел од препораките на Министерството за здравство што Владата ги усвои на синоќешната седница поради топлотниот бран што ја зафати Македонија.

Денеска, според најавата на синоптичарите, се очекува температурата да достигне до 42-тиот степен, а и УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува со слаб до умерен југозападен ветер.

Поради топлото време, Владата препорачува во детските градинки да не се изнесуваат децата на отворено од 11 до 17 часот, а приватните компании да го организираат работното време за да се избегнува директна изложеност на работниците на отворено од 11 до 17 часот.

На Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се препорачува да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

На владината седница донесена е одлука препораките да ги почитуваат и државните органи и јавните претпријатија и установи.

„Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од три дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија“, информира владината прес-служба.

Управата за хидрометролошки работи најавува дека топлото време ќе се задржи до сабота, а веќе од недела, особено попладне, се очекува нестабилно време со поројни врнежи од дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаѓаат почнувајќи од северните делови за околу пет степени, а во крајниот југоисточен дел се уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата која ќе биде во интервал од 22 до 31 степен во понеделник и во вторник.

Потоа температурата повторно ќе биде во постојан пораст.

 30.06.2017, 09:55  | Z.H. | 479

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1650
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.