Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок

Пендаровски: Грција нема да го прекрши Договорот
Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Македонија

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
krivis-1-.jpg

Во однос на поднесените предлози од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за опрелеување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во различни предлози, ја информираме јавноста дека сите предлози веќе се распоредени во работа пред Киривчните совети на овој суд и по истите се постапува, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

„Со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал приложен во предлозите, судиите кои постапуваат во советите вложуваат напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, за која не може да се предвиди колку време може да трае, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на Кривичните совети“, соопшти скопскиот Кривичен суд.

 
 

 30.06.2017, 15:21  | Xh.I. | 447

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

8442
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.