Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од страна на ЕУ

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Македонија

Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од страна на ЕУ
bujar20osmani.jpg

По вчерашната посета да Брисел, вицепремиерот Бујар Османи денес ќе оствари средби со амбасадорите на Шпанија и на Полска во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза и Јацек Стефан Мултановски.

„Меѓу другото, на амбасадорот на Шпанија, Абароа Каранза, вицепремиерот ќе му го претстави новиот позитивен пристап на Владата во однос на евроинтегративните процеси и ќе побара поддршка за акционата агенда на Владата и имплементацијата на итните реформски приоритети. Подоцна, со амбасадорот на Полска, Јацек Стефан Мултановски, една од темите за разговор ќе биде и досегашната поддршка што Република Македонија во континуитет ја добива до Република Полска, како во рамките на Вишеградската група, така и во рамките на Европската Унија и можноста за продлабочување на истата“, соопшти кабинетот на Османи.

И од двата амбасадори, стои во соопштението, вицепремиерот Османи ќе побара поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на Европската Унија, кои во овој момент ќе претставуваат значаен импулс, ветар во грб на евроинтегративните процеси во Република Македонија.

Овие посети претставуваат дел од серијата средби кои Османи во континуитет ги остварува периодов со меѓународните претставниците кои доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, како и на средби со високите претставници на администрацијата на Европската Унија.

„Овие средби се со цел обезбедување поддршка за спроведување на итните реформски приоритети, како и за обезбедување конкретни чекори од Европската Унија кон забрзување на евроинтегративните процеси на земјава“, стои во соопштението.

 30.06.2017, 12:12  | Xh.I. | 125

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

20140
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.