Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Арбитри од Турција ќе ја судат „мајсторката“ МЗТ-Карпош Соколи

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Кошарка

Арбитри од Турција ќе ја судат „мајсторката“ МЗТ-Карпош Соколи
sokolov-701x466.jpg

Македонската кошаркарска федерација по претходна согласност на клубовите МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи донесе одлука, последниот натпревар од финалната серија во Плејофот од тековната натпреварувачка сезона правдата да ја делат прволигашки арбитри од Турција.

Оваа одлука е донесена, со цел да се заштитат арбитрите т.е. официјалните лица од Република Македонија.

Во текот на оваа натпреварувачка сезона особено со наближувањето на крајот на првенството, домашните судии постојано беа изложени на ризик во спортските сали ширум републиката и неретко беа жртви на фрлање на тврди и на меки предмети од страна на присутните лица како и на навреди упатени кон нив и плукање.

Македонската кошаркарска федерација не само што сака да ги заштити судиите кои би биле официјални лица на овој натпревар од какво било попречување во вршење на службената должност туку и во исто време, сака да избегне какви било обвинувања од страна на кој било учесник или актер на овој натпревар дека арбитрите „протежирале“ некој од клубовите и дека одлуките на паркетот ги носеле пристрасно и необјективно – тема која често е главна низ кошаркарските кулоари и медиуми.

Петтиот, последен, натпревар од финалната серија ќе се одигра утре (среда, 24. мај, 2017 година) со почеток во 18:00 часот и победникот од овој дуел ќе го одлучи шампионот во домашното првенство за тековната натпреварувачка сезона (2016/2017).

 23.05.2017, 21:07  | V.E. | 120

 

© ZURNAL.mk

 Кошарка 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4974
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.