Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кливленд го утепа Бостон со 44 поени разлика

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Кошарка

Кливленд го утепа Бостон со 44 поени разлика
klivlend-1.jpg

Леброн Џејмс и другарите го зедоа првиот натпревар во “ТД Гарден” со 117: 104, а минатата ноќ беа уште поубедливи, за да повлечат со 2-0 во серијата. Кавалирс воведоа доминација од самиот почеток, како на паузата водеа со рекордни 41 поени. Џејмс ја заврши средбата со 30 поени и 7 асистенции, Кевин Лав додаде 21 поени и 12 скока, Каиро Ирвинг постигна 23 поени, а вкупно 12 играчи на Кливленд забележаа барем 9 поени во дуелот.

За Бостон најпрецизен беше Џејлин Браун со 19 поени, а ѕвездата Ајзеј Томас не игра во второто полувреме, поради повреда во ребрата. Следните два натпревари од серијата се во Кливленд.

 20.05.2017, 08:56  | V.E. | 48

 

© ZURNAL.mk

 Кошарка 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22439
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.