Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Пролетен базар на домашни ракотворби во Скопје

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

Пролетен базар на домашни ракотворби во Скопје
133703420.gif

Традиционален „Пролетен базар на домашни ракотворби“ денеска беше отворен на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје.

Посетителите денеска и утре ќе може да погледнат и да купат изработки на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, магично плетиво, изработки од камен, дрво и ќерамика, цртано стакло,  како и изработка на слики од срма.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на отворањето, рече дека македонското занаетчиство отсекогаш било израз на врвна уметност, изработена од рацете на обичниот човек кој на парчето метал, дрво или кожа успевал да му даде убавина и практична намена.

- Креативниот дух на нашите предци создал форми, творби, карактеристични за одредени периоди како одраз на неговата посебност и идентитет. Малите и средните претпријатија и занаетчиството се движечката сила на секоја пазарна економија зашто генерираат вработеност и економски раст. Занаетчиството нуди перспективи за младите и невработени лица преку отворање мали бизниси. Ми претставува задоволство што расте бројот на младите во Македонија кои сакаат да се занимаваат со занаетчиство. Иако традиционалните стари занаети се во изумирање, нивните техники кои се дел од нашата традиција и култура ги поврзуваат со нешто ново и современо. Нашата цел е да ги поттикнеме младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување, рече Трајановски.

На базарот беше прогласен и најавтентичниот сувенир од конкурсот за избор на автентичен сувенир на град Скопје. Првото место  го доби Кристина Хаџиева за со кујнска даска со мотив од Скопје „Ксантика“, второто место Златко Китаноски за пеперушка од дрво „Вудис“, а трето место на Елена Поповска за ѓердан трендафил „Мај прешс“.

Настанот има за цел да се истакне важноста на занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции и поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Покровител на манифестацијатa е Град Скопје, а организатор е Занаетчиската комора на Скопје.

 19.05.2017, 18:25  | V.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17222
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.