Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Никозија средба Попоски - Касулидес

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Во Никозија средба Попоски - Касулидес
133703354.jpg

ицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, Јоанис Касулидес на маргините на 127. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржа денеска во Никозија во рамките на кипарското претседателство со Советот.

Како што соопшти МНР, на средбата министрите разговараа за европските интеграциски процеси и важноста на истите во моменти во кои излегувањето на една земја членка може да ги засени прашањата за понатамошно проширување.

- За Рeпублика Македонија е значајно Кипар, како земја-членка на Европската Унија, да биде поддржувач на интеграцијата на сите земји од Балканскиот Полуостров, што ќе придонесе за релаксирање на односите во регионот и намалување на веројатноста за судири или ескалирање на националистичка реторика, било истакнато на средбата, наведува во соопштението МНР.

 19.05.2017, 16:17  | V.E. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15457
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.