Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Општините од истокот реализираат три регионални проекти

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Економија

Општините од истокот реализираат три регионални проекти
133703415.jpg

Единаесетте општини од источниот регион користат 14 милиони денари од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен и регионален развој. Овие средства се за реализација на три проекти кои имаат регионално значење. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека се распишани тендерските постапки за регулација на Виничка река, изградба на спомен облежје за македонскиот револционер Никола Карев кој загинал во селото Свиланово и на етно парк во Зрновци.

- Регионалниот етно парк во Општина Зрновци чини околу 56.000 евра, вториот проект изградба на спомен обележје на местото на загинување на Никола Карев во Свиланово, каде што тој проект е повеќе од 100.000 евра. Партнери ни се Општина Кочани и Општина Чешиново-Облешево и треттиот проект е регулација на Виничка река, кој чини околу 110.000 евра. Тоа е проект кој чини многу повеќе, ние работиме на прва фаза од регулација на реката, каде што партнер ни е Општина Виница со сопствено кофинансирање од 25.000 евра, вели Здравева.

Таа истакна дека краен рок за исплата на средствата на општините кои ги реализираат овие три проекти е 15 ноември. Здравева забележа дека блокадата на општините поради непродолжување на мандатите на градоначалниците не влијае врз работата на Центарот за развој на Источно планскиот регион, бидејќи Советот на градоначалници навреме ги има донесено сите одлуки.

 19.05.2017, 15:36  | V.E. | 31

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17568
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.