Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Одбојкарките на СВСК од Куманово на прием кај градоначалникот Дамјановски

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Одбојкарките на СВСК од Куманово на прием кај градоначалникот Дамјановски
133703500.jpg

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, денеска организираше свечен прием за одбојкарките на „Сити Волеј Славков Куманово“ кои го освоија шампионскиот трофеј во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

Дамјановски им се заблагодари на одбојкарките и истакна дека тие го постигнале еден од најголемите спортски успеси за Куманово.

- Ова нека биде добар пример за сите спортски клубови кои сакаат да се занимаваат сериозно со спортот, рече меѓу другото Дамјановски и најави дека општината ќе го поддржи клубот.

Тренерите на клубот истакнаа дека и во иднина ќе продолжат напорно да работат.

- Апсолутно целава сезона ја одиграа маестрално. Како секој клуб имавме подеми и падови, но она што е битно е завршницата, кога требаше и резултат тие изиграа максимално, и донесоа огромен резултат. Треба да се спомене дека сите ние сме волонтери играме со минимални средства и минимален буџет, но тоа не значи дека не се бориме за себе и за својот клуб, вели тренерот Денис Вујадиновиќ.

Тренерот Горан Славков изјави дека и наредната година очекуваат успешна соработка,но и поголема поддршка од општината. - Се надевам дека следната година ќе биде успешна во домашното првенство и купот, но и на меѓународни натпревари, изјави Славков.

СВСК победи и го доби финалето против Јанта Волеј кој беше бранител на трофејот,а претходно СВСК триумфира и во Купот на Македонија.

 19.05.2017, 15:34  | V.E. | 18

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35337
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.