Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Кичево одбележан денот на 4. механизиран пешадиски баталјон

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Македонија

Во Кичево одбележан денот на 4. механизиран пешадиски баталјон
133703309.gif

Во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево денеска со воена свеченост припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон традиционално го одбележаа 21. Мај, Денот на Единицата.

На свеченоста со пригодни говори се обратија командантот на 4. механизиран пешадиски баталјон потполковник Боро Латкоски и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кои се навратија на историјатот на единицата, ангажирањето во изминатиот период, сегашните ангажирања и активностите кои и претстојат на единицата.

На воената свеченоста по повод Денот на единицата прогласен беше најдобар вод од составот на баталјонот на кој му беше предадено пехар и знаме за најдобра единица и доделени беа стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.

Се организира и крводарителнa акциja на која персоналот ја покажа и потврди својата хуманост доброволно дарувајќи крв.

На денот на 4. механизиран пешадиски баталјон покрај началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа генералите од АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.

На 21 мај 1943 година во месноста лопушник формиран е Кичевско-Мавровскиот партизански одред, а денес 4. механизиран пешадиски баталјон ги продолжува и негува традициите од неговото формирање.

 19.05.2017, 15:20  | V.E. | 15

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31742
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.