Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Разбојничка кражба во сендвичарница во Скопје

Коѕиас: Американците многу се заинтересирани за решение, но не нѐ притискаат
Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парла..
Каменос: Нема да има решение на името
Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Црна хроника

Разбојничка кражба во сендвичарница во Скопје
133271876_2.gif

Непознат сторител извршил разбојничка кражба изутринава во 1.30 часот во сендвичарница на улицата „Московска“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, додека вработениот се пресоблекувал во помошната просторија, слушнал тропање, по што влегол во локалот и забележал непознато лице како вади 1.000 денари од касата. Му рекол да застане затоа што ќе повика полиција, но сторителот го фатил за раката и сериозно му се заканил по животот,  по што го турнал и со трчање избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 19.05.2017, 14:59  | V.E. | 83

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

26398
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.