Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Попоски на сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Никозија

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Македонија

Попоски на сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Никозија
133703295.jpg

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на 127. сесија на  Комитетот на министри на Советот на Европа, што се одржа во Никозија, со која претседаваше Кипар, соопшти МНР.

Во фокусот на дводневниот министерски состанок беа повеќе актуелни теми од надлежност на Организацијата, со посебен акцент врз демократската безбедност во Европа. На сесијата, генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го претстави Извештајот за состојбата со демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Комитетот на министри се осврна и на прашањата за обезбедување долгорочна ефикасност на Европската конвенција за човекови права.

- Само доколку човековите права се штитат за сите и во сите земји членки подеднакво, мирот и стабилноста во Европа ќе бидат гарантирани. Различното читање на правата зависно од тоа кому се загрозени и кој ги загрозува е најголемиот ризик кој демне на овој пат. Македонски интерес е да доминира правото, а Советот на Европа е местото каде треба тоа да го обезбедиме, истакна министерот Попоски, стои во соопштението.

На маргините на настанот вчера и денеска Попоски оствари бројни средби со неговите европски колеги, се наведуав во соопштението од МНР.

 19.05.2017, 15:29  | V.E. | 21

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19223
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.