Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Коцијанчич: Решението на кризите во Македонија и Албанија е резултат на силна работа

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Македонија

Коцијанчич: Решението на кризите во Македонија и Албанија е резултат на силна работа
119062713_5.jpg

Не сум сигурна дека може да се нарече чудо, но успехот да ја решиме долготрајната политичка криза во БЈР Македонија и Албанија е резултат на силна работа и на политичка волја.
 
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, денеска на прес-конференција во европската престолнина го истакна портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, запрашана од бугарски новинар „дали е чудо што одеднаш се решија силните и длабоки политички кризи во Македонија и Албанија?“.
 
На констатација на албански новинар-дописник  дека силно влијание за тоа македонскиот претседател Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за состав на влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и за одложување на албанските избори, всушност имаше помошник на заменик на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, во име на Европската унија, портпаролката Коцијанчич го препиша „успехот“ за решавање на двете политички кризи на Балканот и на ЕУ.
 
- Не сум сигурна дека тоа ќе го наречам чудо, туку резултат на силна работа и политичка волја. Кога говорите за регионот на Западен Балкан, тоа е регион што има европска перспектив, па затоа таму Унијата е силно посветена. Исто е и со БЈР Македонија и со Албанија. Ние реагиравме на развојот на настани и ќе продолжиме да работиме со тие две земји и со целиот регион. Во однос на ова, високата претставничка Федерика Могерини ги покани премиерите на шест западно-балкански земји на неформална вечера во Брисел, што ќе се одржи на 24-ти овој месец, изјави Коцијанчич.
 
Гласноговорничката на неформалната Влада на ЕУ уште еднаш потенцираше дека на посочената вечера се испратени покани до актуелните премиери на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и додаде дека нивните имиња ќе ги објават кога ќе биде блиску одржувањето на овој неформален состанок. Таа во случајов не одговори на прашањето дали официјален Брисел ќе му испрати специјална покана на мандатарот за составување нова македонска Влада, Зоран Заев, доколку тој до среда не успее да состави Влада.
 
Во однос на случувањата во Албанија, за каде дури и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан поддржа одржување избори без учество на опозицијата на 18-ти јуни, Коцијанчич одговори дека ЕУ го поддржува договорот меѓу премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша за одложување на изборите на 25-ти јуни и со учество на Демократската партија на Баша. Притоа, таа побара партиите да го почитуваат договореното од „Мекалистер плус“ договорот за излез од кризата, заклучно со одржување кредибилни избори на 25-ти следниот месец.

 19.05.2017, 15:17  | V.E. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31603
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.