Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Потпишан договор за изградба на Клиничкиот центар во Скопје

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Македонија

Потпишан договор за изградба на Клиничкиот центар во Скопје
todorovklinicki.jpg

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО системи, го потпишаа договорот за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Вредноста е околу 72 милиона евра, а се предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.

Тодоров по повод потпишувањето на Договорот истакна дека постојниот Клинички центар „Мајка Тереза“ е најголем здравствен комплекс во Република Македонија, а со изградбата на новиот клинички центар ќе бидат поставени нови стандарди за квалитет на здравствените услуги во Македонија.

Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше, но оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од премиерот, но овој проект не е само наш проект, ова е национален проект. Проект на државата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или каква било припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира со цел што е можно побргу придобивките од новиот клинички центар да ги имаат граѓаните и државата, порача Тодоров.

Новиот клинички центар ќе овозможи врвен третман на пациент и негово олеснето движење и удобност во рамки на објектите. Задоволени се највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современо автоматизирано и централизирано управување преку билдинг менаџмент систем, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал што досега воопшто го немаше во јавното здравство и бројни други најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип.

 19.05.2017, 14:55  | V.E. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

21984
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.