Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Официјално: Skoda го претстави новиот Karoq (фото+видео)

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Авто

Официјално: Skoda го претстави новиот Karoq (фото+видео)
karoq-00.jpg

Најпосле официјално, „Skoda“ го претстави наследникот на популарниот компактен „SUV Yeti“ во Стокхолм. Тој ќе се нарекува „Karoq“ и нема ништо заедничко со својот претходник. Како што навестува името, моделот е една помала верзија на „Kodiaq“.

Новиот „Karoq“ сепак е значително поголем од „Yeti“ – со цели 16 см во должина (до 4.33 метри). Меѓуоскиното растојание му е со 26 см подолго со што ветува повеќе внатрешен простор. Практично димензии се максимално блиски до оние на „Seat Ateca“ со кој ја дели платформата.

Од чешката компанија потврдија дека во следната година ќе се појават „SportLine“ и „Scout“ верзии на моделот, па дури и спортска „vRS“ опција. Понатаму се очекува и „plug-in“ хибридна модификација.

Дотогаш „Karoq“ ќе се нуди со пет мотори. Два се бензински – 1-литарски со три цилиндри и 115 коња, и новиот 1.5-литарски на групата „VW“ со моќност од 150 коња (и со можност за деактивација на два од цилиндрите).

Основниот дизел е познатиот 1.6 TDI со 115 коња, а над него се две варијанти на 2.0 TDI – едната со 150 коњски сили, а другата со 230, која ќе се нуди само за возила со погон на четири тркала и 7-степен „DSG“ менувач . Така опремен, „Karoq“ ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,8 секунди.

Со најмоќните бензински и дизел мотори ќе се нуди и „Dynamic Chassis Control“ – електро-хидраулична прилагодлива суспензија. Верзиите „4х4“ ќе имаат „off-road“ режим, кој ја користи контролата на тракцијата и електронското заклучување на диференцијалот, за да обезбеди подобра проодност.

Покрај местото на задното седиште, пораснал и багажникот кој беше слабото место на „Yeti“. Тука тој веќе е 521 литри, и се зголемува до 1630 при навалување на задните потпирачи. Како опција „Skoda“ го нуди системот „VarioFlex“ со која можете да се навали одделно секое од задните седишта или дури целосно да ги извадите.

Инфо-медијалниот систем во стартните нивоа на опременост користи 6.5-инчен екран на допир, во повисоките дисплејот е 8 инчи, а во врвното ниво е 9.2 инчи, со „DVD“ и 64 гигабајти вградена меморија.

„Karoq“ е и првата „Skoda“, која ќе го добие „озлогласениот“ дигитален кокпит, кој ни е познат од „Audi Q7“ и последниот „Golf“. Кај него сите алатки пред возачот се практично еден голем дисплеј со повеќе можни визии.

Технологиите за безбедност вклучуваат предупредување за слепа точка, активен асистент за одржување на лентата и препознавање на сообраќајните знаци.

Продажбата ќе започне најрано во октомври, првите испораки се очекуваат во почетокот на идната година.

 19.05.2017, 12:41  | V.E. | 55

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

21979
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.