Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Крис Корнел пеел за смртта на последниот концерт

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Шоубиз

Крис Корнел пеел за смртта на последниот концерт
5502128.jpg

Една од последните песни кои ги испеа лидерот на култната група “Саундгарден” (Soundgarden) Крис Корнел пред да се самоубие во ноќта спроти четврток, била посветена на смртта.

Ова е класична госпел композиција In My Time of Dying во верзијата на легендарните “Лед цепелин” (Led Zeppelin). Овој детаљ од драмата го изнесево четвртокот музичкото списание “Билборд”. Композицијата е препеана од многу музичари. Се смета дека авторот црпи инспирација од Библијата.

Според “Билборд” музичарите настапувале на сцената на “Фокс тиатер” (Fox Theatre) околу два часа со расположение и квалитет. Шоуто започнало со Ugly Truth и завршило со Slaves & Bulldozers.

“Јас сум се фалел со толпите кои ги собирав на концертите во Детроит во овие 30 години”, рече Корнел меѓу песните. “Сега ми е жал за оние кои ќе нè слушаат на следниот концерт на друго место, бидејќи со вас ништо не може да се спореди”.

Телото на музичарот беше пронајдено во текот на ноќта наспроти четвртокот во бањата на хотелската соба. Вознемирена го пријавила жената на Корнел, која повикала полиција, за да ја скрши вратата на бањата.

Во четвртокот судските лекари потврдија дека музичарот се обесил. Крис Корнел се раѓа во 1964 во Сиетл, Вашингтон. До 1997 година е во “Саундгарден”, а од 2001 година е водечки вокал на “Аудиослејв” (Audioslave) кои се распаднаа во 2007.

Во 1984 година Корнел ги основа “Саундгардън”, кои станаа дел од “големата четворка” на сиетелскиот гранџ, вклучувајќи ги “Нирвана” (Nirvana), “Алис ин Чејнс” (Alice in Chains) и “Перл Џем” (Pearl Jam).

Последниот соло албум на музичарот Higher Truth излезе во 2015 година.

Смртта на пионерот на гранџ рокот, Крис Корнел, ги изненади сите негови обожаватели и предизвика шок меѓу неговите најблиски. Корнел стана популарен и како фронтмен на друг рок бенд – “Аудиослејв”, а подоцна зеде учество и во супергрупата “Темпл оф д дог” (Temple of the Dog).

Портпаролот на Корнел изјави, цитиран од весникот “Гардијан” дека неговата смрт е “ненадејна и неочекувана”, а неговата сопруга и неговото семејство е во шок

 19.05.2017, 12:38  | V.E. | 35

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19116
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.