Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Македонија

Села в понеделник се враќа на политичката сцена
mkd-307822.jpg

Прес-конференцијата на Села ја најави портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари на својот фејсбук профил. 

„ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села. Прес-конференцијата е прва по нападот на 27 април, кога лидерот Села беше онеспособен и сериозно повреден, но Албанците не потпаднаа на гнев кон криминалците и на радост на секој пријател на Албанците, господин Зијадин Села се враќа в понеделник во Тетово“, напиша Таравари на фејсбук.

Села беше еден од најпретепаните на 27 април и заврши со повреди на мозокот и скршеници. Откако беше пуштен на домашно лекување, минатата недела помина и неколку дена во Албанија на контролни прегледи.

 19.05.2017, 12:47  | V.E. | 143

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

12603
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.