Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ердоган: Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на ЕУ

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Регион

Ердоган: Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на ЕУ
t_1950688c-49153-59264.jpg

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска при собирот на бизнис лидерите во Истанбул наведе дека Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската унија.

Тој ја даде оваа изјава како одговор на прашањето, дали Турција и понатаму треба да ја „моли“ ЕУ и да бара од неа да ја прими.

Турција веќе 54 години настојува да влезе во Унијата, додека земји кои подоцна аплицираа за членство или се економски нестабилни веќе се дел од ЕУ.

Ердоган ги критикуваше се поголемиот број на поглавја кои се потребни за преговорите за пристапување кон Унијата.

– Ако претставниците на ЕУ продолжат со својот првичен и позитивен став кон нас, можеме да продолжиме. Но, доколку престанат да го прават тоа тогаш ние можеме сами да се снајдеме, нагласи турскиот претседател.

 19.05.2017, 12:18  | V.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17339
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.