Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Тешко повреден пешак, осум сообраќајки вчера во Скопје

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Црна хроника

Тешко повреден пешак, осум сообраќајки вчера во Скопје
133301964_4.jpg

Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а во три е причинета материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Седум возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената, шест поминале на црвено светло на семафор, а 15 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 42 возила.

Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“  во општина Кисела вода.

 18.05.2017, 09:30  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35368
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.