Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

„Чагатај кабло“ нова турска инвестиција и можност за 200 вработувања

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Економија

„Чагатај кабло“ нова турска инвестиција и можност за 200 вработувања
133701703.jpg

Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Договорот за инвестицијата  се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни.  Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра  и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни, рече Груевски по денешната обколка на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров.

Компанијата, додаде, ќе призведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација. 

- Најголем добавувач ќе им биде компанијата Ванхол која ја привлековме од Белгија да инвестира во Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека Ванхол е магнет за привлекување и на други странски компании во земјава.

 18.05.2017, 20:56  | V.E. | 24

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19215
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.