Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ахмети: Ќе работиме во согласност со волјата на граѓаните

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Македонија

Ахмети: Ќе работиме во согласност со волјата на граѓаните
E987399F27348548BA233ADCC5FD16B9-300x164.jpg

„Го поздравувам доделувањето на мандатот за формирање на новата реформска влада во согласност со Уставот“, изјави  претседателот на ДУИ Али Ахмети, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема. Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот Договор како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отварањето на нови работни места“, изјави Ахмети.

 18.05.2017, 16:45  | V.E. | 69

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31698
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.