Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

СЈО ја стави под сомнеж , здравствена состојба на Кочан – бара притвор!

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

СЈО ја стави под сомнеж , здравствена состојба на Кочан – бара притвор!
prazna-sudnitsa.jpg
Повеќе од три часа Специјалното јавно обвинтелство и одбраната на Сеад Кочан вчера  пред судија на претходна постапка ги бранеа своите позиции  –  првите зошто бизнисменот треба да биде во притвор, вторите дека треба да му се почитува правото на здравје на осомничениот. Кочан вообичаено , не дојде во судот.
 
Обвинителот Гаврил Бубевски не бил убеден од медицинската документација дека здравствената состојба на Кочан е тешка и побарал докторот да ја појасни, но судијката не го прифатила предлогот. Наместо тоа, преминале во анализа на доказите според насоките на Врховниот суд кој го укина притворот.
 
„Насоките на Врховниот суд, кои според мене, претставуваат драматична деструкција на уставните вредности на државата што го направи Врховниот суд. Постапувајќи по ваквото решение, според ЗКП дека е потребно постоење на основано сомнение, а ние навлеговме во докажување на делото и преминавме на анализа на доказите со кои ние располагаме од кои цениме дека има основано сомнение за предлогот. Ги соочивме аргументите и ние и одбраната и доказите кои ги имаше и Врховниот суд“, рече обвинителот Бубевски.
 
Според адвокатот на Кочан, Никола Додевски здравствената состојба на Кочан е од особена важност во однос на тоа дали ќе му биде определен притвор или не. Тој повтори дека Кочан не бил во бегство туку отсутен поради неговата здравствена состојба и дека против бизнисменот се води јавна хајка.
„Неговото отсуство не е врз основа на законско решение за притвор. Тоа е потврдено во одлука на Врховен суд. И за сите правници кои непристрасно го прифаќаат, а не за квази правници на дебатни емисии, сите кои држат до својот дигнитет им се разрешува дилемата со укинувањето на решенијата за притвор, а тоа е дали Сеад Кочан бил во бесгство или не. Тоа е единствен начин на гледање и секое друго гледање претставува крволочно однесување на правници, упаѓање на презумпцијата на невиност, желбата да се види некој во притвор е недобра работа и води кон рециклирање на омразата и тоа не води на добро“, рече Додевски.
 
Кога пред повеќе од два месеци Кочан беше пред судија на претходна постапка судјата не најде основи тој да биде задржан во притвор. Само неколку дена подоцна, пред да биде објавено решението на Кривичниот совет Кочан ја напушти државата и беше во бегство повеќе од два месеци.
Сешак тој се  врати во Македонија откако Врховен му го укина притворот.

Тој е осомничен дека како управител на „Трансмет“ дека заедно со уште две фирми формирал конзорциум кој со лажна документација добил тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

 18.05.2017, 15:57  | V.E. | 63

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35178
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.