Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кривична пријава за стружанец за семејно насилство

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Црна хроника

Кривична пријава за стружанец за семејно насилство
133392428_2.jpg

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (75) од струшкото село Делогожда.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 2 мај, во 18 часот и 30 минути во дворот од семејната куќа во селото Делогожда.

- Тука настанала расправија со неговата снаа од брат поврзана со имотно-правни недоразбирања. Видно револтиран Е.М. започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди, а по кратко време ја нападнал снаата со метална шипка и ја влечел за коса, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Неговото агресивно однесување, додаде, било спречено од страна на членови од семејството, кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга.

 18.05.2017, 13:53  | V.E. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35362
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.