Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Модерни пирати го украдоа “Пиратите од Карибите”?

Коѕиас: Американците многу се заинтересирани за решение, но не нѐ притискаат
Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парла..
Каменос: Нема да има решение на името
Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Шоубиз

Модерни пирати го украдоа “Пиратите од Карибите”?
pirates_of_the_caribbean_dead_men_tell_no_tales_everything_59.jpg

Извршниот директор на компанијата Дизни, Боб Игер изјави дека во понеделникот, група хакери му соопштиле дека поседуваат еден од најновите филмови на Дизни и побарале огромна сума на пари за да не го објават истиот.

Според наводите на Игер, групата бара да биде исплатена во биткоини.

Според неофицијални информации станува збор за најновото продолжение на Пиратите од Карибите чија премиера е закажана за само неколку дена.

Од Дизни одбиле да ги исплатат хакерите кои се закануваат дека филмот ќе го објавуваат бесплатно, во делови од 10 минути на социјалните мрежи што би предизвикало огромна финансиска загуба на компанијата.

Во моментов, ФБИ спроведува истрага и се обидува да ја открие локацијата на хакерите.

Во продолжение можете да го погледнете  трејлерот за филмот.

 18.05.2017, 11:31  | V.E. | 120

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

26198
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.