Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Дачиќ: На навредите на Заев ќе вратиме со иста мера

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Регион

Дачиќ: На навредите на Заев ќе вратиме со иста мера
ivica-dacic_2.jpg

Навредите кои Заев му ги упатува на српското раководство секако дека ќе влијаат на нашите билатерални односи, наведува Дачиќ во соопштението.

-Навредите кои Заев ги упатува кон српското раководство секако ќе влијаат на нашите билатерални односи, наведува Дачиќ.

-Србија не се меша во внатрешните работи на други држави, исто така Србија сака добри односи со соседите, но изјавите на Заев се во целост во спротивен тон. Србија сигурно нема да му дозволи никому, па ни на Заев, да ја понижува. Односот кон властите во Скопје во иднина ќе биде реципрочен на нивниот однос кон Србија, заклучува Дачиќ.

Заев претходно изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија. Реакции од српските државници следуваа и по изјавата на Заев дека во Србија на власт е „националистичко раководство“.

Ваквите изјави на лидерот на СДСМ почнаа да ги затегнуваат досега одличните билатерални односи со соседна Србија.

 18.05.2017, 11:28  | V.E. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31799
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.