Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Грчкиот Парламент ќе гласа нови економски мерки додека во земјата се одржуваат протести

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Регион

Грчкиот Парламент ќе гласа нови економски мерки додека во земјата се одржуваат протести
asddfsdf.jpg

Со изнесувањата на ставовите на политичките лидери денеска во грчкиот Парламент завршуваат дебатите за нацрт-законот за воведување нови економски мерки, кој доцна вечерва ќе биде ставен на гласање.

Во земјата изутринава заврши 24 часовниот штрајк, свикан од синдикатите во Грција против новите економски мерки, во кој учествуваат пензионери, кои се уште работат и униформирани лица, а Генералната конфедерација на трудот (ГСЕЕ) најави дека за денеска закажала нов протест.

Протестот е планиран да се одржи во момент кога Парламентот се очекува да гласа за нацрт-законот, доставен од Владата за нови економски мерки во износ од 4,9 милијарди евра во замена за транша од меѓународните заеми.

Синдикатот ПАМЕ исто така повика за учество во митинг на плоштадот Омонија во Атина.

Дебатите за нацрт-законот се одвиваат без учество на парламентарната група на неонацистичката партија Златна зора. Нејзините пратеници вчера беа отстранети од собраниската сала поради инцидент претходно оваа недела.

Опозициските партии сметаат дека мерките договорени од Владата ја обрзуваат земјата на нов, четврти по ред меморандум и најавија дека ќе ги отфрлат.

Гласовите на владината коалиција, сепак се доволни за да може нацрт-законот за биде усвоен.

Премиерот Алексис Ципрас пред новинарите во Парламентот изрази надеж за позитивен исход од спогодбата, која Владата долго време ја договараше со кредиторите и додаде дека се очекува на состанокот на Еврогрупата на 22 мај да биде пронајдено решението за грчкиот долг.

 18.05.2017, 11:27  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35041
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.