Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кривична пријава за жител на Кичево кој физички ја нападнал невенчаната сопруга

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Црна хроника

Кривична пријава за жител на Кичево кој физички ја нападнал невенчаната сопруга
107859499_7.jpg

Полициската станица од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ поднесе кривична пријава против 36-годишниот С.П. кој физички ја нападнал невенчаната сопруга.

Тој на 3 мај околу 23 часот при расправија со неговата невенчана сопруга и нанел повеќе удари по главата и целото тело. Повредената се здобила со модринки и отоци по целото тело.

- Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска“ во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по целото тело, информира портпаролот на СВ-Охрид, Стефан Димоски.

 17.05.2017, 13:25  | V.E. | 47

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15507
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.