Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Еве зошто е толку корисно да се пие лимонова вода?

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Здравје

Еве зошто е толку корисно да се пие лимонова вода?
limun.jpg

Лимоните се одличен извор на Ц витамин кој е есенцијален за раст и развој на телото. Еден лимон содржи околу 30-40 mg витамин Ц.

Покрај тоа, овој витамин има и други здравствени придобивки како заштита од пренатални проблеми до кардиоваскуларни проблеми, проблеми со очите, кожата, имунитетот…

Функционира како антиоксиданс и ги штити клетките од оштетување од слободните радикали.

Здравствени придобивки од водата со лимон.:
1. Лимоновата вода е за детокс и чистење на организмот

Примарната состојка на лимоните е цитратот кој функционира како инхибитор за токсините кои се собираат во телото како кристали. Цитричната киселина ја зголемува можноста на организмот да се ослободува од овие штетни материи.

Ја зголемува функцијата на ензимите и го стимулира црниот дроб.
2. Лимоновата вода го подобрува варењето

Цитрусните флавоноиди помагаат и храната да почне побрзо да ви се вари и обработува во организмот. Функционираат како тоник кој помагаат на хлороводородната киселина во организмот побрзо да ја вари храната.
3. Лимоновата вода ја зголемува алкалноста

Алкаизирањето е процес на неутрализирање на киселоста на телото. Телото само по себе како што собира и складира токсини со текот на времето, така станува и кисело па заради тоа, често можете да имате желудочни киселини, проблематичен стомак, ацидоза…

Лимоновата вода му помага на телото да не ги задржува киселините.
4. Слабеење, намалување на имунитетот

Како за почеток, секој организам може различно да реагира на лимоновата вода, но во основа со неа се заменуваат пијалаците кои се полни со шеќер и на тој начин се слабее.

 17.05.2017, 12:58  | V.E. | 207

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15350
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.