Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Карпош Соколи домаќин на МЗТ Скопје во вториот дуел од финалето на плеј-офот

Името на маса по Нова година
Могерини со инструкции за премиерите од Западен Балкан
Поништен конкурсот за јавни обвинители
Кривичен неделава полн со предмети од СЈО

Кошарка

Карпош Соколи домаќин на МЗТ Скопје во вториот дуел од финалето на плеј-офот
133636715.jpg

Куп освојувачот Карпош Соколи ќе го пречека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот дуел ос финалната пресметка за трофејот во македонското првенство.

Домаќините посакуваат реванш за поразот во Аеродром во неделата, додека МЗТ Скопје се надева на успех по што ќе му треба само едена победа да ја одбрани титулата.

- Го загубивме првиот натпревар иако одигравме храбро и бевме на чекор до триумф. Продолжуваме понатаму „машки“ и со максимална борбеност ќе се обидеме да се вратиме резултатски во серијата. Нека помине дербито во фер атмосфера, исто како што беше и на првата средба, изјави предводникот на „Соколите“ Драган Николиќ.

За тренерот на „аеродромци“ нема опуштање, бидејќи, како што рече, тоа може скапо да ја чини неговата екипа.

- Првиот натпревар со Карпош Соколи беше неизвесен и исцрпувачки, нешто што и очекувавме од една финална пресметка. Многу време за одмор немавме и моја желба е на вечерашниот дуел во текот на сите 40 минути да одиграме како во последната четвртина од средбата во која победивме. Дури тогаш бевме оние вистинските, нешто кон што треба да се стремиме во мечот кој е пред нас. Мора да бидеме агресивни, да внимаваме на нивната транзиција и шут од далечина, а истовремено да бидеме трпеливи во нападот, каде што максимално мора да му веруваме на системот. Противникот е опасен и секое и најмало опуштање може скапо да не чини. Важно е да се почне добро натпреварот и уште од стартот да се префрли притисокот на противникот. Ако успееме во тоа тогаш ќе бидеме многу поблиску до посакуваната цел, а тоа е водство со 2-0 во финалната серија, изјави Анте Назор.

Натпреварот ќе се игра вечер во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

 16.05.2017, 21:21  | V.E. | 108

 

© ZURNAL.mk

 Кошарка 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22442
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.