Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

МР3 е мртов, да живее AAC!

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Технологија

МР3 е мртов, да живее AAC!
014319img-334882.jpg

Творците на MP3 форматот се откажаа од негово понатамошно лиценцирање и му потпишаа „пензионирање”.

MP3 своевремено направи револуција во начинот на кој ја консумираме музиката,а  како што стојат работите сега, лошо му се пишува. Германскиот истражувачки институт Fraunhofer кој го создаде овој формат, објави дека го укинал лиценцирањето за патенти поврзани со MP3. Ова значи дека повеќе не сака да му го продолжи животот, затоа што смета дека во 2017 година постои значително подобар начин за складирање на музика.

Во своето соопштение, Fraunhofer вели дека MP3 ја одиграл својата улога на најдобар формат за складирање на музика од крајот на 80-тите, но денешните врвни сервиси за стриминг на музика, радио и ТВ, користат модерни ISO-MPEG кодеци како AAC или MPEG-H формати со значително подобар квалитет на звукот при значително помал битрејт во споредба со MP3.

Со други зборови, Fraunhofer ни порачува: МР3 е мртов, да живее AAC.

 16.05.2017, 12:45  | V.E. | 98

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

16181
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.