Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Јасно е, фашистите паѓаат

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ преку обидот за блокада на Собранието го штити Зврлевски
Локални избори, повик за подобрување на изборниот процес
Многу брзи кредити, но кој е најдобриот? Еве сајт кој го има решението!

Колумна

Јасно е, фашистите паѓаат
18197444_1259488620839497_621262357_n_2.jpg
Џабир Дерала


Drugi kolumni

Битола, ден по крвавиот напад на Собранието. Ја промовираме Граѓанската повелба, глобален документ за реафирмација на човековите права и граѓанското учество. На штандот на ЦИВИЛ има дури и поголем интерес, признание и поддршка од вообичаеното.
„Кажете каде да потпишеме! Ви веруваме и секогаш ќе ве поддржуваме!“, вели еден возрасен битолчанец. Луѓето споделуваат со нас дека се крајно вознемирени и револтирани, но и дека нашето присуство таму им значи, им влева доверба дека работите одат на подобро. Храбро се носат со ситуацијата, но револтот е голем. Заеднички констатираме дека „фашистите го покажаа своето лице и нападнаа за последен пат“. Говорот на луѓето одамна стана јасен, гласен и директен.

Тогаш, едно џбитаче почна да нè фотографира со мобилниот. Откако го направи тоа, почна да пцуе и извика: „Племето ваше шиптарско, ќе видите вие!“ Неговиот гласен извик, сепак, предизвика нешто друго. Уште повеќе граѓанки и граѓани се собраа околу нашиот скромен, картонски штанд. Ни кажаа дека тој човек е „ лудак и фашист“. Дознавме дека му е братучед на функционер од Фамилијата. „Јасно е, фашистите паѓаат, а насилството нема да ги спаси“, велат.

Фотографирањето беше сосема излишно. Имаме подобри и попрофесионални фотографии и видео записи од сите нас на нашите веб страници и Фејсбук профили, од каде што јасно се гледа што правиме и за што се залагаме. Но, ако сака приватна колекција, тоа е негова работа. Пцостите и заканите само говорат за него, а еден ден и ќе одговара за своите постапки, кога судиите нема да ослободуваат криминалци и нема да затвораат невини луѓе и политички неистомисленици.

Тие денови го ограбија и нашето седиште, но тоа не влијаеше на нашите планови. Продолживме понатаму, со тоа што не можат да ни го украдат – посветеност, храброст и решителност. Гостивар, Велес, Охрид, Струга, Ресен, Штип, Пробиштип... Секаде сме пречекани со истата широка насмевка и поддршка. За само десетина дена, поминавме исто толку, ако не и повеќе општини. Во Охрид, познат тепач и учесник во крвавата собраниска епизода, се појави во близина на штандот. Немаше ефект. Поточно, ефектот беше поголема поддршка од граѓан(к)ките кои сè погласно говорат и ја бараат слободата и правдата. Горд сум со моите сограѓанки и сограѓани!
 

 14.05.2017, 12:19  | V.E. | 160

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22045
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.