Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Заврши кошаркарската Супер лига, познати се полуфиналните двојки за плеј-офот

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Кошарка

Заврши кошаркарската Супер лига, познати се полуфиналните двојки за плеј-офот
132603919.jpg

Со одигрувањето на натпреварите од последното 10. коло во Супер лигата, познати се сите четирите екипи кои ќе разигруваат за шампионскиот трофеј во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Тимот на Куманово е последниот кој се пласира во полуфиналето, откако претходно тоа веќе го имаа сторено МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Карпош Соколи.

Иако во денешниот меч одигран пред својата публика, кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје А. со 61-80 сепак благодарение на поразите од Кожув и Фени Индустри, составот на Куманово го освои четвртото место на табелата со една победа повеќе во однос на конкурентите.

На другите две средби од ова последно 10.коло. Екипата на Работнички во Кавадарци го победи Фени Индустри со 89-71 и го осигура второто место, додека како трет заврши Карпош Соколи кој попладнево беше подобар од Кожув со 85-77.

По овие резултати конечниот изглед на табелата е: МЗТ Скопје Аеродром 19 бода, Работнички 17, Карпош Соколи 17, Куманово 13, Фени Индустри 12 и Кожув 12.

Со тоа познати се и полуфиналните двојки во кои МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе го има Куманово, додека Работнички и Карпош Соколи ќе се борат во вториот полуфинален дуел.

 Дуелите од плеј-офот ќе старуваат во петок (5 мај), а ќе се игра во три добиени натпревари.

Инаку следната сезона покрај овие шест екипи пласман во Првата ига изборија, Струмица, АВ Охрид, Гостивар и Радовиш.

 30.04.2017, 10:58  | V.E. | 117

 

© ZURNAL.mk

 Кошарка 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

9923
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.