МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Спорт
Познати полуфиналните двојки за плеј-офот во кошаркарскиот шампионат

Познати полуфиналните двојки за плеј-офот во кошаркарскиот шампионат

недела, 30 април 2017, 10:58ч.   |   V.E.

Со одигрувањето на натпреварите од последното 10.коло во Супер лигата, познати се сите четири екипи кои ќе разигруваат за шампионскиот трофеј во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Тимот на Куманово е последниот кој се пласира во полуфиналето, откако претходно тоа веќе го имаа сторено МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Карпош Соколи.

Иако во денешниот меч одигран пред својата публика, кошаркарите на Куманово беа поразени од МЗТ Скопје А. со 61-80 сепак благодарение на поразите од Кожув и Фени Индустри, составот на Куманово го освои четвртото место на табелата со една победа повеќе во однос на конкурентите.

На другите две средби од ова последно 10.коло екипата на Работнички во Кавадарци го победи Фени Индустри со 89-71 и го осигура второто место, додека како трет заврши Карпош Соколи кој попладнево беше подобар од Кожув со 85-77.

По овие резултати конечниот изглед на табелата е:

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 19 бода, Работнички 17, Карпош Соколи 17, Куманово 13, Фени Индустри 12 и Кожув 12.

Со тоа познати се и полуфиналните двојки во кои МЗТ Скопје Аеродром за противник ќе го има Куманово, додека Работнички и Карпош Соколи ќе се борат во вториот полуфинален дуел. Дуелите од полуфиналето ќе старуваат во петок (5 мај), а ќе се игра во три добиени натпревари.

Инаку следната сезона покрај овие шест екипи пласман во Првата ига изборија, Струмица, АВ Охрид, Гостивар и Радовиш.

© ЖУРНАЛ    ~159,53

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
Челзи објави рекордно зголемување на приходите
Манџукиќ се огласи откако Италијанците му ја „завршија“ кариерата
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.