МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
ММДЧП бара од Трамп да ја запре започнатата интервенција во Македонија

ММДЧП бара од Трамп да ја запре започнатата интервенција во Македонија

четврток, 27 април 2017, 11:19ч.   |   V.E.

Американскиот весник Хил објави текст од Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп се повикува што поскоро да ја смени политиката кон Македонија спроведувана од страна на претходната администрација на Барак Обама. Во текстот се поздравува истрагата за активностите на американската амбасада во Скопје покрената од група републикански конгресмени, но се бара интервенција и од дипломатската служба во Стејт Департментот.

"Републиканците направија добар потег што во рамките на Конгресот започнаа истрага за грешки кои што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политички насоките кон кои што дејствуваше претходната администрација, но тие сепак не ја спроведуваат својата политика. Но, американскиот Стејт Департмент и американската амбасада во Македонија продолжуваат да го следат лево-ориентираното крило на Обама/Хилари, Џорџ Сорос, кој ја финансира политиката на мешање во внатрешните работи во Македонија и со тоа предизвикува хаос и ги засилува нападите врз етничкото потекло на Македонците и врз македонскиот суверенитет. Лево-ориентираните држави од Европската Унија им се придружија на Соединетите Американски Држави и на невладините организации финансирани од Сорос, и побараа мандатот за формирање Влада да се даде на коалицијата која што ги прифати барањата за Голема Албанија, која што ги изгуби неодамнешните избори и ја прифати платформата со која што се бара промена на името на Македонија, идентитетот, знамето, химната и грбот и која што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Овие држави избраа да ја игнорираат колатералната штета само за да се реализира нивната идеја на власт во Македонија да бидат марионетите од левицата", пишува во текстот на Николов објавен во Хил.

Писмото е идентично со повикот на сенаторот Мајк Ли, кој побара од Стејт Департментот што поскоро да ја преиспита својата политика како кон Македонија така и кон серија држави во Европа, Африка и Јужна Америка, каде администрацијата на претседателот Обама промовирала лево ориентирани политичари и партии, и покрај нивните изборни порази.

Во писмото на Николов објавено во Хил дополнително се предупредува на заканата од Тиранската платформа и на растечкиот национализам во Албанија, по сугестиите на албанскиот премиер Еди Рама за можно спојување на Албанија и Косово. Николов посочува дека претседаетлот Трамп најави крај на интервенциите во странски држави и го повикува да го исполни ова предизборно ветување и да стави крај на финансирањето левичарски организации во Македонија со американски државни средства, како и на обидите за наметнување на нова Влада во Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~195,67

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.