Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Алооо… претседателе, не треси зелени

Министерот Нухиу на тркалезна маса за новиот Закон за кривична постапка
Иванов - Иваниќ: Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија..
СДСМ: Многу брзо Македонија ќе живее во демократија

Колумна

Алооо… претседателе, не треси зелени

Ви пренесуваме дел од колумна на Ерол Ризаов за Утрински весник:

Врв на оваа какофонија во која се гуши државата и на која со загриженост гледаат голем број пријатели на Македонија и познати светски државници, политичари, деловни луѓе, јавни личности е однесувањето и јавните настапи на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Човекот кој се’ уште се претставува како претседател влезе во филм дека е многу храбар и почна да верува на лагите што му ги сервира Никола Груевски преку медиумската машинерија на ВМРО-ДПМНЕ. Се умислил нашиот претседател дека е вистина што пишуваат апологетите, па верува дека навистина ја спасува татковината. На сите страни почна да тресе зелени.

Некни му раскажува на еден странски новинар цртани филмови од политичката, духовната и моралната криза која со години ја тресе Македонија. Нашиот мудар претседател вели знаете се’ беше готово ДУИ и ВМРО-ДПНМНЕ да потпишат договор за коалиција и поделба на власта. Се’ било договорено, меѓу старите партнери, арно ама заѕвонил телефонот. И крај, ништо од бизнисот. Новинарот останал зинат. Одвај изустил кој телефонирал… Ееее кој… кој де… истражувај, ти си новинар ќе дознаеш, му рекол нашиот голем ербап Ѓорге.

Спроведов една мала анкета меѓу познатите македонски новинари дали знаат кој и каде заѕвонил и го расипал договорот меѓу Али Ахмети и Никола Груевски, односно меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ спокојно да си владеат до 2020 година и понатаму ако треба. Еве ги одговорите: моите колеги стопроцентно сите до еден велат дека Америка, односно американскиот амбасадор Бејли му зврцнал на Ахмети и готово договорот пропаднал. Веднаш му се јавив на Бејли и викам ти ли си тој угурсус што ја расипа идилата, а тој без око да му трепне вели да јас сум тој. Аууу… му велам како не ти е срам да се мешаш во изборни коалиции, па тоа е непростлива навреда за една суверена и самостојна држава каква што е Македонија. Срамота, голема брука. Треба веднаш да те протераат. Знае ли за ова претседателот Доналд Трамп.

 21.04.2017, 11:08  | V.E. | 67

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

14603
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.