Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Албанскиот лидер од Бујановац ги предупреди Србите да бидат задоволни што Албанците сѐ уште не го побарале Ниш

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Регион

Албанскиот лидер од Бујановац ги предупреди Србите да бидат задоволни што Албанците сѐ уште не го побарале Ниш
vusic-680x365_c.png

Претседателот на Националниот совет на Албанците во Бујановац, Источна Србија, Јонуз Муслиу, ги предупреди Србите дека треба да се задоволни ако Албанците не побараат да го земат Ниш и се задоволат само со обединување на Албанија и Косово и со пристапувањето на Прешевската долина, пишува во петокот белградскиот весник „Курир”, повикувајќи се на изјава на Муслиу за агенција „Прешева”.

Написот во белградското издание е насловен „Бараат војна. Шиптарите сакаат да го земат и Ниш додека Европската Унија молчи” и во него се тврди дека скандалозното тврдење на албанскиот лидер од Прешевската долина доаѓа само ден откако претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека одбивањето на европска перспектива за Косово неминовно води кон обединување на неговата земја со Албанија.

Весникот ги цитира премиерот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кои сметаат дека ваквите тврдења не треба да ја исплашат Србија, која е доволно силна да се заштити сама, и забележува чудно молчење не европските лидери.

 21.04.2017, 11:06  | V.E. | 121

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19183
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.