Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

СДСМ: Блокадата на мнозинската волја повлекува одговорност

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Македонија

СДСМ: Блокадата на мнозинската волја повлекува одговорност
sdsm-4-680x365_c.jpg

Институциите, пратениците и политичките партии имаат обврска да ја спроведат мнозинската волја на граѓаните кои на 11 декември јасно се изјаснија за промени, велат од СДСМ и дополнуваат дека блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста!

„Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност! Вељаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, на сметка на интересите на граѓаните и фирмите на кои им е загрозена егзистенцијата и тешко примаат плати. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски преседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем. Затоа државата мора без одложување да профункционира! Демократските процеси е неоходно да продолжат“, велат од СДСМ.

Од оваа партија инсистираат дека во Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанале околу 700.000 граѓани.

„Тоа мнозинство е дожно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска Влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност. Само новата Влада може ја заштити унитарноста на Македонија, да обезбеди правда и квалитетен живот за сите наспроти поделбите, изолацијата и економскиот крах и загрозувањето на мирот, кон што водат активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Промените се неизбежни. Македонија ќе биде модерна демократска европска држава, водена од одговорни личности и институции“, порачуваат од СДСМ.

 21.04.2017, 11:35  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31433
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.