Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери на Заев од Алијансата за Албанците како мираз му ја носат Тиранската платформа

Кривичен суд: Вложуваме напори да донесеме одлуки за притворите во законски рок
Османи ќе бара поддршка од Шпанија и од Полска за обезбедување конкретни чекори од ст..
Владата донесе препораки за заштита: Високи температури до 42 степени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалициските партнери на Заев од Алијансата за Албанците како мираз му ја носат Тиранската платформа
terasa_vmro-55022-3-680x365_c.jpg

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека коалициските партнери на Заев од Алијансата за Албанците, кои како мираз му ја носат Тиранската платформа, вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес туку националното прашање на Албанците.

„Поголема потврда од тоа дека од Алијансата за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од Тиранската платформа со СДС, а не за некакoв ‘граѓански концепт’ кој Заев ни го продава нема.
Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС.
Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да ги осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати.
Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на Тиранската платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада.
За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата„ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 21.04.2017, 11:04  | V.E. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

32396
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.