Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ако сте метеоропати пијте чај од камилица и шетајте во природа

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Здравје

Ако сте метеоропати пијте чај од камилица и шетајте во природа
meteoropat.jpg

Најчестите симптоми кои се јавуваат кај метеоропатите се следните: депресија, главоболки и вртоглавици, хипертензија, физичка слабост, влошување на симптомите на веќе постоечките болести, забрзано чукање на срцето, нервоза, чести промени во расположението и тн.

Постојат 2 видови метеоропатија:

Примарна – или основна метеоропатија која се јавува кај здравите личности во вид на промена во расположението, телесна слабост или болки за време на временските промени.

Секундарна  – која претставува состојба на веќе присутна болест (висок крвен притисок, срцеви и белодробни заболувања, воспалителни и дегенеративни болести, како и проблеми со мускулите и зглобовите) кои се влошуваат поради времето.

Ако патите од метеорологија, треба редовно да ја следите биометеоролошката прогноза, така што ќе можете на време да се подготвите за промена на времето или да ги ублажите или избегнете симптомите кои ви се јавуваат.

Што може да ви помогне?

Се препорачува земање на магнезиум и витамин Б6, кои можат да ги намалат симптомите. Освен тоа, добро е да се поминува време во природа и да се избегнува долго седење во затворена просторија или пред компјутер.

Билни чаеви

Ако патите од метеоропатија, се препорачува да пиете чај од камилица, липа,  лимон или лимонова трева кои ја намалуваат нервозата, иритираноста и напнатоста.  Се препорачува овие чаеви да се пијат и неколку денови пред јавување на симптомите, односно со најавата на временската прогноза. Чајот од валеријана исто така е одличен избор за оние кои патат од несоница и стрес. Се препорачува да се пие навечер.

Гуарана

Екстрактот од семките од гуарана го елиминира заморот и го стимулира централниот нервен состав. Како природен стимуланс, гуараната се препорачува на личностите под стрес и оние кои сакаат од себе да извлечат максимум кога тоа е најпотребно.

Лецитин

Лецитинот се препорачува кај оние кои имаат болни зглобови, тешко се движат или се чувствителни на временските промени. Тој помага и во подобрување на фокусот и концентрацијата. Тој може да се најде во сојата и се препорачува дневна доза лецитин од 200-500 мг.

Жен  шен

Тој го јакне и стимулира организмот. Неговото делување е докажано кај метеоропатите. Екстрактите на оваа билка помагаат во справувањето со стресот и лошото расположение. Се користи и за подобрување на телесната кондиција, работните способности, зголемување на општата отпорност на организмот и јакнење на срцето, крвните жили и нервниот состав.

 21.04.2017, 11:27  | V.E. | 61

 

© ZURNAL.mk

 Здравје 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

29036
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.