Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Принс во својот дом имал многу опијати

СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори
Анкета ИРИ: Расте оптимизмот за членството на Македонија во ЕУ

Шоубиз

Принс во својот дом имал многу опијати
safsdgdfg.jpg

Во куќата на починатиот музичар Принс во Минесота се пронајдени многу силни опијати и лекови, стои во судските документи од истрагата за смртта на познатиот пејач.

Според американските таблоиди, сите лекови биле препишани на име на неговиот пријател телохранител.

Медицинските експерти по обдукцијата заклучија дека Принс починал од случајно предозирање и никој не беше кривично гонет поради неговата смрт.

Според извештајот на вештаците, Принс самоиницијативно земал фентанил, опијат неколку пати посилен од хероинот. Неговото безживотно тело беше пронајдено во лифт на неговиот имот.

Судските документи беа чувани во тајност се досега, затоа што обвинителите стравуваа дека потенцијалните сведоци би можеле да избегаат или доказите да ги уништат.

Некои од апчињата кои се пронајдени во домот на Принс биле опијати комбинирани со аналгетик ацетаминофен – хидрокодон. Тој аналгетик се користи при ублажување на болката, ревматичен артритис и кашлање.

Судските документи откриваат дека голем број наркотици се пронајдени во разни садови, вклчувајќи и шишенца за витамини.

 21.04.2017, 11:22  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

28132
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.