Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево

Почина ексминистерот за животна средина Абдилаќим Адеми
ЕВН ги санираше дефектите на среднонапонско ниво
Судскиот совет ќе расправа дали да поведе постапка за разрешување судија
Стојан Андов за грчки „Етнос“: Да се изолираат националистите

Македонија

Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево
132584228.jpg

Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од минус 7 степени. Во Крушево и Маврово се измерени -5, во Берово -4, во Пожаране, Ѓуриште, Претор и Охрид -2, во Петровец и Битола -1, во Струмица, Тетово, Крива Паланка и Виница по 0, а Куманово и Штип 1, во Скопје и Демир Капија 2, во Дојран 4 и во Гевгелија 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и Охрид по еден литри на метар квадратен.

Во Крушево и Маврово изтринава во 8 часот е измерена снежна покривка од 1 и 3 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Во претпладневните часови во североисточните делови ќе има локален слаб снег.  Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени. Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер и дневна температура до 10 степени.

Викендов утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата, додека дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

 21.04.2017, 11:45  | V.E. | 41

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15151
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.