Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Девет сообраќајки во Скопје, патник во автобус и пешак тешко повредени

Џафери се сретна со кинеската амбасадорка Лишиан
Средба на Заев со претставничката на УНДП за Македонија Луиза Винтон
Села в понеделник се враќа на политичката сцена

Црна хроника

Девет сообраќајки во Скопје, патник во автобус и пешак тешко повредени
132433026_4.jpg

Патник  во автобус и пешак се потешко повредени во две од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно се повредени шест лица, а во три е причинета материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради прекршоци кај осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и кај 10 возачи кои за време на управување на моторното возило не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 28 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 44 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ПОУ „Круме Кепески“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

 20.04.2017, 09:36  | V.E. | 60

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

31454
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.