Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Совети од витки жени кои никогаш не држеле диета

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Шоубиз

Совети од витки жени кои никогаш не држеле диета
vitki-zeni.jpg

Честопати на улица, на отворени фестивали или на настани можеме да видиме витки жени кои без грижа на совест јадат хамбургер, шпагети или друга мрсна храна.

Вистина е дека некои луѓе имаат побрз метаболизам или генетска предиспозиција поради која тешко се здебелуваат. Во следниот текст прочитајте на кој начин можете да останете витки без да се ставате на строги режими на исхрана и нездрави диети.

  • Јадете мрсна и тешка храна само за посебни прилики. Битно е да бидете мудри при изборот на деликатесите и да решите колку често можете да си ги дозволите. Едно парче торта или сладолед еднаш неделно не може да наштети, но не треба да се претерува.
  • Зборувајте во текот на вечерата, иако можеби звучи непристојно, оваа навика ќе ви помогне да јадете помалку, особено доколку сте излезени во ресторан со друштво и не знаете колку калории имате во чинијата. Пред да започнете со јадење, испијте една чаша ладна вода, со тоа ќе го намалите апетитот.
  • Не купувајте диетална храна. Храна која има малку калории или не содржи масти, во теорија звучи како совршен избор, но, проблемот е што тие најчесто содржат голема количина на јаглехидрати. Шеќерот во овие производи се надоместува со соја и други нездрави адитиви.
  • Не постои лоша храна. Подобро е еднаш неделно да јадете неколку коцки чоколадо или парче пица, отколку наеднаш да изедете повеќе парчиња. Бидете умерени.
  • Одморот е многу битен. Недостаток на сон влијае на хормоните што влијае на зголемувањето на телесната маса. Освен што е битно добро да спиете и редовно да одмарате, битно е и да не легнувате многу доцна. Обидете се да легнувате порано и да станувате порано. Ова практикувајте го што е можно почесто, додека не ви стане рутина.
  • Справете се со вината. Дури и ако знаете дека сте направиле грешка и дека не требало да изедете многу мрсна храна. Ветете си дека нема да се повторува таа грешка и продолжете понатаму.
  • Избегнувајте ги диеталните пијалоци, бидејќи воглавно тие се полни со шеќери.
  • Експериментирајте во кујната. Пронајдете некои интересни рецепти за подготовка на здрава храна и додавајте нови зачини.
  • Не ги бројте калориите. Ова е лоша навика, бидејќи можете погрешно да внесувате посакувани калории од храна која нема хранливи вредности. Консумирајте разновидна храна со протеини и јаглехидрати и не заборавајте го зеленчукот.
  • Консумирајте го шеќерот умно. Тој не само што е лош за вашето здравје, туку и за линијата. Ова не значи дека треба да го исфрлите целосно, туку треба да внесете колку што може вашиот организам да поднесе. Како се чувствувате кога ќе изедете премногу бисквити или сладолед, тоа нека ви биде границата.
 20.04.2017, 19:37  | V.E. | 43

 

© ZURNAL.mk

Aktuelno

 Шоубиз 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1262
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.