Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Стопанската комора на северозападна Македонија на средба со бизнисмени од Кичево

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Економија

Стопанската комора на северозападна Македонија на средба со бизнисмени од Кичево
133663406.gif

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска во рамки на Караванот на Комората одржа средба со компании од Кичево.

Претседателот на Комората, Неби Хоџа изјави дека со Караванот ги посетуваат нивните членки со цел да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат и да ги презентираат проектите коишто се насочени кон подобрување на бизнис климата.

- Целта на Караванот е посета на компаниите членки и потенцијалните компании членки, со цел да се биде поблиску до бизнисите и да се слушнат проблемите со кои се соочуваат во текот на нивната работа, како и да се презентира годишниот и финансискиот извештај од минатата година,  годишниот и финансискиот план за 2017 година, услугите кои СКСЗМ ги нуди, како и новите проекти на Комората коишто влијаат кон подобрување на економската клима во земјата и проектите коишто се реализирани досега, рече Хоџа.

Стопанската комора на северозападна Македонија годинава по шести пат го организира Караванот на Комората.

 20.04.2017, 19:17  | V.E. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1089
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.