Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Министерот Нухиу на тркалезна маса за новиот Закон за кривична постапка

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Македонија

Министерот Нухиу на тркалезна маса за новиот Закон за кривична постапка
133663501.gif

 Стапувањето во сила на новиот Закон за кривична постапка претставува своевидна пресвртница во функционирањето на кривично-правниот систем на Република Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на тркалезната маса на тема „Промоција на извештајот од импакт евалуацијата на обуката за Законот за кривична постапка“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

- Овој крупен реформски зафат имаше за цел квалитативно и функционално надградување на системот на кривично-правен прогон во сите негови нормативно-процедурални фази, со особен акцент на фазата на истрагата. Воведувањето на овој системски нормативен стандард, не само што не приближува до нашите евроинтегративни стремежи, туку истовремено ни овозможува поефективно детектирање и справување со сите облици на криминал, притоа обезбедувајќи побрзо остварување на правдата, изјави Нухиу, се наведува во соопштението на МВР.

Потенцираше дека квалитетот на еден закон или на закони од една област, како во случајов кривично-правниот сегмент, не зависи само од квалитетот на напишаните одредби, нивната усогласеност или прецизност, туку и од разбирањето и практичната примена во секојдневното функционирање на надлежните институции.

- Во крајна линија токму практиката и нејзиното искуство е таа која ја дава пресудната оценка за ефикасноста и ефективноста на законите, дали и колку сме биле успешни.  Во тој контекст, сметам дека и оваа тркалезна маса, односно Извештајот од импакт еваулацијата на обуката за ЗКП имаат исклучителна важност во проценката на сработеното и во детектирањето на евентуалните слабости што треба да бидат отстранети, рече Нухиу.

Министерот Нухиу се заблагодари на поддршката од ОБСЕ и други релевантни меѓународни организации во реализацијата на овој системски проект, потенцирајќи дека  во низата реформски предизвици со кои што МВР беше соочено во изминативе години, Министерството доби голема помош од партнерите од САД, ЕУ, ОБСЕ и други релевантни меѓународни организации.

 20.04.2017, 17:18  | V.E. | 60

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1108
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.