МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Од нас на 30 септември зависи нашата иднина и на нашите деца
Ексклузивно интервју на Канал 5 со министерот за култура Асаф Адеми
Ахмети од Куманово: Граѓаните да гласаат на референдумот, Македонија нема друга алтер..
МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивир..
Xроника
Расветлена кражбата на накит од куќа во Гостивар

Расветлена кражбата на накит од куќа во Гостивар

четврток, 20 април 2017, 13:40ч.   |   V.E.

Полициските инспектори ја расветлија кражбата на златен накит и лап топ вредни над 300 илјади денари, која вчера утро беше пријавена во полициската станица во Гостивар.

Според СВР Тетово, осомничена е ќерката на сопственикот на куќата која наводно спиела во времето кога се случил грабежот.

- Осомничената која нема наполнето 18 години, вечерта од регал во дневната соба го зела ранецот во кој имало кутија со разновиден златен накит (ланец, нараквици, ѓердан и друго) и преку прозорецот им го додала на двајца нејзини другари на возраст од 17 години, кои чекале во дворот.

Лапотопот кој, исто така, бил пријавен дека е одземен, го ставила на друго место, по што вчера наутро исценирала пребарување низ просториите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

По пријавувањето, осомничената и двајцата малолетници се повикани во Полициската станица Гостивар, разговарано е со нив и пронајдени се сите одземени предмети.

Според пријавата од вчера, утрото помеѓу 7 и 8 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Н.О (52) на улица „143“ во Гостивар и незабележани поминале покрај кујната во која спиеле неговите две ќерки на возраст од 18 и 20 години.

По целосното рачистување на сите поединости, во консулатација и координација со јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок.

© ЖУРНАЛ    ~247,83

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Тројно убиство во Дебар – убиени татко, мајка и нивната ќерка
Тинејџерка тешко повредена по пад од мотор
71-годишен скопјанец баран од полицијата уапсен на аеродром
Тинејџер со автомобил излетал од патот и се забил во дрвја кај Трубарево
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Три лица од кривопаланечко нападнале полициски службеници
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.