Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Брод

Да создадеме култура на носење на очила
СЈО ќе ја „трезни“ Општината од „Пивофест“
Жрепка за редоследот на листите за локалните избори

Колумна

Брод

Голем број на експерти предупредуваат дека вештачката интелигенција (AI) може да доведе до крај на човештвото – а рускиот робот FEDOR е еден таков систем.
 

FEDOR (акроним од Final Experimental Demonstration Object Research) е хуманоиден робот развиен од Android Technics. Овој мултиталентиран робот може да вози автомобил, да користи разни алатки, да прави склекови, а е способен да функционира во екстремни услови.

Сега, рускиот заменик премиер, Дмитри Рогозин, на Twitter прикажал дека FEDOR е способен и да пука со огнено оружје, што, разбирачки, вознемирило полно луѓе. Одговорот на Рогозин е дека тие не креираат Терминатор, туку вештачка интелигенција која ќе има големо практично значење во разни полиња.

Кога FEDOR за прв пат бил прикажан, неговата намена била да се користи во спасувачки мисии, а потоа била проширена и на вселенски истражувања.

До 2021, FEDOR се очекува да биде единствениот патник во вселенско летало на руската федерација, а би можел да се користи и за планираните руски мисии кон Месечината во 2031, бидејќи функционира без вселенско заштитно одело, а може да преживее и вон возилото наменето за екипажот.

Што се однесува на пукањето со огнено оружје, Рогозин објаснува дека вежбата имала намена да ги подобри алгоритмите на FEDOR за донесување одлуки.

 20.04.2017, 10:19  | V.E. | 48

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1267
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.