Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Volkswagen ID Crozz: Футуристички електричен кросовер (фото+видео)

Хан ја повика опозицијата да биде конструктивна
Дали Русија ќе ја спречува Македонија да влезе во НАТО?
Задолжителна зимска опрема за возилата, во спротивно 45 евра казна

Авто

Volkswagen ID Crozz: Футуристички електричен кросовер (фото+видео)
id-crozz.jpg

На автосаемот во Шангај компанијата „Volkswagen“ го откри третиот модел од серијата „I.D.“ која треба да ги покаже идните модели на марката. Тоа е купе-кросоверот „I.D. Crozz“ кој добил кабина со 4 места и систем за автономно движење.

Претходно најголемиот производител на автомобили на планетава претстави хечбек и миниван. Заедно со кросоверот тие се изградени на платформата „MEB“ создадена специјално за електрични возила. Затоа и во дизајнот на моделот се користат познати стилистички решенија, но кон нив се додаваат нови – широк спојлер и различна задна оптика.

Како и кај хечбекот „I.D.“, задните врати на „I.D. Crozz“ се отвораат во спротивна насока на предните кои се во традиционален стил. Интересна карактеристика тука е панорамскиот покрив со интегрирано „LED“-осветлување, чиј интензитет може да се управува со гестови.

Во кабината целосно се отсутни познатите од стандардните модели копчиња и прекинувачи. Главна улога во него играат 10,2-инчениот екран на допир на мултимедиа комплекс и дигиталниот инструмент панел со дијагонала од 5,8 инчи. Сензорни панели има и на вратите, а возачот има проекциски дисплеј од новата генерација.

При вклучување на системот за автопилот воланот се прибира во предниот панел. Истовремено со тоа се активираат ласерски скенери, распоредени на покривот кои изучуваат се што се случува околу возилото. Се менува и режимот на работа на „LED“ диодите за оптика.

Погонот на „I.D.Crozz“ е со помош на два електрични мотори со моќност од 302 КС, а поголемиот – оној со 201 КС, е поставен на задната оска. Распределбата на масата е 48:52. Максималната брзина достигнува 180 км/ч. Под хаубата се ставени литиум-јонски батерии со капацитет од 81 kW/h, кои обезбедуваат километража од 500 км. Тие можат да се полнат до 80% за 30 минути од 150-киловатна станица.

Првиот сериски автомобил на „Volkswagen“ на платформата „MEB“ по мотивите на концептите „I.D.“ треба да излезе на пазарот во 2020-та година. Целта пред компанијата е во 2025-та година да продава по 1 милион електрични возила годишно.

 19.04.2017, 13:46  | V.E. | 33

 

© ZURNAL.mk

 Авто 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

1846
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.