Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Microsoft ќе лансира нов Surface Cloudbook таблет/лаптоп

Триесет проекти за намалување на загадувањето
Преку Софија, Македонија во ЕУ
Премиерите од Западен Балкан на маса со Могерини
УНДП: Затоплувањето на домаќинствата, индустриските капацитети и сообраќајот најголем..

Технологија

Microsoft ќе лансира нов Surface Cloudbook таблет/лаптоп
surface-pro-4-renderhq-copy.jpg

Наскоро, Microsoft ќе ја прошири понудата на Surface компјутери и тоа не само со нов хардвер, туку и со нов софтвер. Идејата зад новиот Surface Cloudbook производ ќе биде да им се понуди на студентите поевтин компјутер, кој ќе може да ги прави (скоро) истите работи како што може компјутер со целосен Windows 10.

Поточно, софтверот во овие компјутери ќе биде Windows 10 Cloud. Се работи за верзија на Windows 10 на која ќе може да се инсталираат апликации само од Windows Store. Ова значи дека симнување на програми од интернет и нивно инсталирање нема да биде возможно, што може да биде огромно ограничување за голем број на корисници.

Сепак, Microsoft планира голем број од постарите програми да ги префрли во Windows 10 Cloud и доколку повеќе популарните од нив се преселат во Windows Store, како на пример целосниот Office 2016 или пак програмите на Adobe, корисниците веројатно нема да почувствуваат некоја голема разлика.

Предноста на овој оперативен систем е што ќе нуди многу поголема заштита, бидејќи нема да дозволи на ниту еден .exe фајл да влезе во системот, односно тоа нема да можат да го направат ниту малициозните датотеки, како на пример вирусите. Исто така, не помалку важно, оваа верзија на Windows ќе биде бесплатна за производителите на хардвер, па може да очекуваме многу поевтини компјутери со Windows 10.

Самиот Surface компјутер со Windows 10 Cloud ќе биде најевтиниот во линијата на овие производи. Сѐ уште нема информации за тоа какви перформанси ќе понуди, но не очекувајте многу моќни компоненти. Сепак, се очекува да има неколку функционалности кои ќе бидат погодни за студентите и учениците – фокусот на настанот во Њујорк за неколку недели ќе биде токму едукативниот дел, каде Google со Chrome OS прави големи чекори напред.

 19.04.2017, 12:46  | V.E. | 55

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15259
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.