Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Достигнување на Sony Bravia: Екранот е претворен во звучник!

Прибе во втор обид за итни реформи во Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?
Џафери со честитка до РК „Вардар“ за европската шампионска титула

Технологија

Достигнување на Sony Bravia: Екранот е претворен во звучник!
sonny18.jpg

Најновите телевизори на Sony, покрај одличната OLED слика, ќе пристигнат со унапреден Sony 4K HDR procesor X1 Extreme и иновативен звучен систем наречен Acoustic Surface.

Од Sony објавија дека долго очекуваниот Bravia A1 OLED 4K HDR телевизор ќе пристигне во мај во продавниците ширум Европа. Овој телевизор е веќе достапен на неколку пазари ширум светот, а новата серија на Bravia, покрај одличната слика и моќниот процесор, носи навистина голема иновација кога станува збор за звукот.

- Откако ги презентиравме Bravia A1 OLED телевизорите на CES во јануари, добивме одлични коментари и пофалби на сметка на иновативната комбинација на највисок квалитет на слика и брилијантната технологија за озвучување - Acoustic Surface. Многу сме возбудени што во мај ќе им ги претставиме новите модели на потрошувачите во Европа - вели Мотои Кавамура, прв човек на маркетинг одделот на Sony за Европа.

Инжинерите од Sony развиле нова технологија за озвучување, наречена Acoustic Surface, која што овозможува емитирање на звук од самиот екран на телевизорот. Благодарение на оригиналниот дизајн, целата површина на екранот пренесува богат звук, па според многумина, делува како звуците навистина да доаѓаат од ликовите и околината на екранот.

Телевизорите ќе бидат достапни за нарачка во мај оваа година, а се очекува во широка продажба да бидат пуштени од јуни 2017-та година. Телевизорите ќе се продаваат со дијагонала на екран од 55 и 65 инчи, а се проценува дека нивната цена ќе се движи околу 4.300 евра.

 18.04.2017, 22:08  | V.E. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Технологија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

19261
© 2017 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.